полјанец

Именка, машки род

Значење на полјанец:

Жител на полска рамнина, човек што живее на поле и е врзан за полето. Тие се полјани и во град не доаѓаат да живеат. Тој е полјанец што отиде в планина и стана горјанец. Полјаните ја собираа летнината

Множина: полјани , полјанци.

Алтернативно: полјанин

Изведени зборови:

  • полјанка, и. ж.
  • полјански, прид. полјанскиот Полјанска носија. Полјански села.

Оригинални податоци:

полјанец, мн. полјанци и полјанин, мн. и полјани м. Жител на полска рамнина, човек што живее на поле и е врзан за полето. Тие се полјани и во град не доаѓаат да живеат. Тој е полјанец што отиде в планина и стана горјанец. Полјаните ја собираа летнината. ‖ полјанка, мн. полјанки ж. ‖ полјански, полјанскиот прид. Полјанска носија. Полјански села.