полн
Значење на полн:
1. Што е наполнет, исполнет до крај, целосно. Полни чаши вино. Полна тава јадење.
2. Што содржи многу. Полн двор луѓе. Полна училница деца. Полна соба мебел. Полна куќа гости.
3. (прен.) Исполнет, обземен со некакво чувство, страв, среќа и сл. Полн (со) немир. Обземен и полн од ненадејната среќа. Полн (со) непријатни чувства. Полн горчини и гнев.
4. Дебел во некоја мера, со прекумерна тежина. Полни образи. Детето е полно, може да се рече и дебело.
5. За оружје ‒ што е подготвено, наполнето за стрелба. Тие ги чекаа со полни пушки. Полн пиштол.
6. Целосен, комплетен. Полн опис. Полн состав. Под полна опрема. Полн пораз. Полн успех. Полна анализа.
Членувана форма: полниот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Полни очи, празни раце ‒ даде некому само да погледне, остане нешто само на гледање. Полно срце ‒ задоволен е од животот. Под полна пареа ‒ неуморно и вредно, со сета сила извршува нешто. Полна месечина ‒ положба на Месечината кога е видлив целиот нејзин круг. Ноќ со полна месечина.
Оригинални податоци:
полн, полниот прид. 1. Што е наполнет, исполнет до крај, целосно. Полни чаши вино. Полна тава јадење. 2. Што содржи многу. Полн двор луѓе. Полна училница деца. Полна соба мебел. Полна куќа гости. 3. (прен.) Исполнет, обземен со некакво чувство, страв, среќа и сл. Полн (со) немир. Обземен и полн од ненадејната среќа. Полн (со) непријатни чувства. Полн горчини и гнев. 4. Дебел во некоја мера, со прекумерна тежина. Полни образи. Детето е полно, може да се рече и дебело. 6. За оружје ‒ што е подготвено, наполнето за стрелба. Тие ги чекаа со полни пушки. Полн пиштол. 5. Целосен, комплетен. Полн опис. Полн состав. Под полна опрема. Полн пораз. Полн успех. Полна анализа. ◊ Полни очи, празни раце ‒ даде некому само да погледне, остане нешто само на гледање. Полно срце ‒ задоволен е од животот. Под полна пареа ‒ неуморно и вредно, со сета сила извршува нешто. Полна месечина ‒ положба на Месечината кога е видлив целиот нејзин круг. Ноќ со полна месечина.