полни

Глагол, несвршен

Значење на полни:

1. Прави да биде полно, става, тура колку што може да собере. Базенот го полнат уште од вчера. Тој го полнеше ранецот со храна. Девојчето ги полни чашите со вино.

2. Става муниција во оружје. Војниците ги полнеа пушките. Тој го полнеше пиштолот.

3. Навршува определен број години. Марија полни 18 години.

4. (прен.) Прави да биде обземен, исполнет со некакво чувство. Твојата насмевка ми го полни срцето со радост. Чекањето ја полни со страв.

Коњугација: полнат.

Изведени зборови:

  • полнење, глаг. им. ср.
  • се ~ полни, Станува полно. Црквата се полнеше со луѓе. Подрумот се полни со вода секогаш кога ќе заврне. Куќата почна да се полни со чад. Градите ми се полнеа со чист воздух. Очите ѝ се полнеа со солзи.

Фразеолошки израз / поговорка:

Му ја полни главата ‒ лошо го подучува, лошо влијае врз некого. Му го полни срцето ‒ му причинува радост, задоволство.

Оригинални податоци:

полни, полнат несв. 1. Прави да биде полно, става, тура колку што може да собере. Базенот го полнат уште од вчера. Тој го полнеше ранецот со храна. Девојчето ги полни чашите со вино. 2. Става муниција во оружје. Војниците ги полнеа пушките. Тој го полнеше пиштолот. 3. Навршува определен број години. Марија полни 18 години. 4. (прен.) Прави да биде обземен, исполнет со некакво чувство. Твојата насмевка ми го полни срцето со радост. Чекањето ја полни со страв. ● се ~ Станува полно. Црквата се полнеше со луѓе. Подрумот се полни со вода секогаш кога ќе заврне. Куќата почна да се полни со чад. Градите ми се полнеа со чист воздух. Очите ѝ се полнеа со солзи. ◊ Му ја полни главата ‒ лошо го подучува, лошо влијае врз некого. Му го полни срцето ‒ му причинува радост, задоволство. ‖ глаг. им. полнење ср.