полнота

Именка, женски род

Значење на полнота:

1. Целосна исполнетост, изразност во највисок степен. Полнотата на текстот. Полнота на гласот. Полнота на тонот.

2. Дебелина на човечко тело. Неговата полнота паѓаше в очи. Полнотата не ѝ дозволуваше да облече кусо здолниште.

Множина: полноти.

Оригинални податоци:

полнота, мн. полноти ж. 1. Целосна исполнетост, изразност во највисок степен. Полнотата на текстот. Полнота на гласот. Полнота на тонот. 2. Дебелина на човечко тело. Неговата полнота паѓаше в очи. Полнотата не ѝ дозволуваше да облече кусо здолниште.