половина
Значење на половина:
1. а) Еден од двата приближно еднакви дела, од нешто преполовено. Тие присвоија половина двор. Половината од имотот. Половината од куќата е моја. Половина лубеница. б) Дел од количество, множество, од определен поим што се добива со делење со два. Половина од сто. Половина месец.
2. Дел од телото на човекот: а) крст 4. Многу ме боли половината. б) Најтесниот дел од трупот меѓу градите и колковите; појас 3. Таа има убава и тенка половина.
Множина: половини.
Изведени зборови:
- половинка, и. ж. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Поубава (понежна, послаба) половина ‒ за жена, за сопруга. Посилна половина ‒ за маж, за сопруг.
Оригинални податоци:
половина, мн. половини ж. 1. а) Еден од двата приближно еднакви дела, од нешто преполовено. Тие присвоија половина двор. Половината од имотот. Половината од куќата е моја. Половина лубеница. б) Дел од количество, множество, од определен поим што се добива со делење со два. Половина од сто. Половина месец. 2. Дел од телото на човекот: а) сп. крст 4. Многу ме боли половината. б) Најтесниот дел од трупот меѓу градите и колковите; појас 3. Таа има убава и тенка половина. ◊ Поубава (понежна, послаба) половина ‒ за жена, за сопруга. Посилна половина ‒ за маж, за сопруг. ‖ половинка, мн. половинки ж. дем.