положба

Именка, женски род

Значење на положба:

1. Место, поставеност на нешто во просторот во однос на нешто друго; местоположба. Македонија има централна положба на Балканот. Топографска положба.

2. Позиција, став како е поставено човековото тело или некој предмет. Легната положба. Исправена положба. Незгодна положба на вратот. Неудобна положба. Вертикална положба. Хоризонтална положба.

3. (прен.) Место, улога, позиција во општеството. Општествена положба. Положбата на жените во општеството сега е изменета. Подредена положба на лицата со посебни потреби. Тој е сега на висока положба.

4. (прен.) а) Состојба, ситуација во која се наоѓа некоја заедница, земја, држава и сл. Општествено-политичка положба. Економска положба. Меѓународна положба. Здравствена положба. Материјална положба. б) Состојба обусловена од околностите во кои се наоѓа некој. Тој е сега во многу тешка положба. Положбата на жителите е многу тешка. Одбранбена положба.

Множина: положби.

Оригинални податоци:

положба, мн. положби ж. 1. Место, поставеност на нешто во просторот во однос на нешто друго; сп. местоположба. Македонија има централна положба на Балканот. Топографска положба. 2. Позиција, став како е поставено човековото тело или некој предмет. Легната положба. Исправена положба. Незгодна положба на вратот. Неудобна положба. Вертикална положба. Хоризонтална положба. 3. (прен.) Место, улога, позиција во општеството. Општествена положба. Положбата на жените во општеството сега е изменета. Подредена положба на лицата со посебни потреби. Тој е сега на висока положба. 4. (прен.) а) Состојба, ситуација во која се наоѓа некоја заедница, земја, држава и сл. Општествено-политичка положба. Економска положба. Меѓународна положба. Здравствена положба. Материјална положба. б) Состојба обусловена од околностите во кои се наоѓа некој. Тој е сега во многу тешка положба. Положбата на жителите е многу тешка. Одбранбена положба.