полуди

Глагол, свршен

Значење на полуди:

1. Стане луд. Старата полуди кога ја чу веста за смртта на синот. Тој полуде откако му пропадна фирмата.

2. Направи некој да стане луд. Тој го полуди синот со своите барања. Последните случувања сосема ја полудија кутрата жена.

3. (прен.) Се однесува како луд. Таа полуди по неа. Тој полуде по наградата. Сите полуделе по новата модерна облека.

Коњугација: (го) полудив , (го) полудија , (го) полудил , полудат , полудеа , полудев , полудел , полуден, полудете , полуди .

Изведени зборови:

  • полудува, глаг. несв. полудуваат
  • полудување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Да полуди човек ‒ да не знае човек што да прави, што да мисли.

Оригинални податоци:

полуди, полудат; полуди, полудете; полудев, полудеа; полудел; (го) полудив, (го) полудија; (го) полудил; полуден св. 1. Стане луд. Старата полуди кога ја чу веста за смртта на синот. Тој полуде откако му пропадна фирмата. 2. Направи некој да стане луд. Тој го полуди синот со своите барања. Последните случувања сосема ја полудија кутрата жена. 3. (прен.) Се однесува како луд. Таа полуди по неа. Тој полуде по наградата. Сите полуделе по новата модерна облека. ◊ Да полуди човек ‒ да не знае човек што да прави, што да мисли. ‖ полудува, полудуваат несв. ‖ глаг. им. полудување ср.