полумесечина
Значење на полумесечина:
1. Делот од Месечината што се гледа кога не е полна, неполна месечина.
2. Симбол на исламот или хералдички знак. Го развеа знамето со полумесечина.
Множина: полумесечини.
Фразеолошки израз / поговорка:
Црвена полумесечина ‒ светска хуманитарна организација во исламските земји и кај муслиманското население во другите земји, која е еднаква по својата мисија со Црвениот крст.
Оригинални податоци:
полумесечина, мн. полумесечини ж. 1. Делот од Месечината што се гледа кога не е полна, неполна месечина. 2. Симбол на исламот или хералдички знак. Го развеа знамето со полумесечина. ◊ Црвена полумесечина ‒ светска хуманитарна организација во исламските земји и кај муслиманското население во другите земји, која е еднаква по својата мисија со Црвениот крст.