полжав

Именка, машки род

Значење на полжав:

1. (зоол.) Животно од класата мекотели, живее на копно, во солени и слатки води, со меко тело, покриено со едноклеточен епител, некои форми се составени и од коскеста куќичка; Gastropoda Molluska. Собираа полжави рано наутро. Ливадата беше полна полжави. Морски полжави.

2. (анат.) Дел од внатрешното уво. Повредата е на коскениот полжав на увото. Спирален канал на полжавот на увото.

3. (прен.) За човек ‒ спор, мрзливец, потчинет. Се влече (оди) како полжав. Пред директорот е полжав, а пред нас се сили.

Множина: полжави.

Изведени зборови:

  • полжавче, и. ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Полжав пуштил рогови ‒ покажува лажна храброст и сила.

Оригинални податоци:

полжав, мн. полжави м. 1. (зоол.) Животно од класата мекотели, живее на копно, во солени и слатки води, со меко тело, покриено со едноклеточен епител, некои форми се составени и од коскеста куќичка; Gastropoda Molluska. Собираа полжави рано наутро. Ливадата беше полна полжави. Морски полжави. 2. (анат.) Дел од внатрешното уво. Повредата е на коскениот полжав на увото. Спирален канал на полжавот на увото. 3. (прен.) За човек ‒ спор, мрзливец, потчинет. Се влече (оди) како полжав. Пред директорот е полжав, а пред нас се сили. ◊ Полжав пуштил рогови ‒ покажува лажна храброст и сила. ‖ полжавче, мн. полжавчиња ср. дем.