ползува

Глагол, несвршен

Значење на ползува:

1. Принесува полза некому; користи. Тревките ќе ми ползуваат за чаеви. Вниманието кон родителите ќе му ползува нему најмногу.

2. Користи, искористува. Тие ги ползуваа сувите гранки за потпалување. Таа ги ползува старите книги.

Коњугација: ползуваат.

Изведени зборови:

  • ползување, глаг. им. ср.
  • се ~ ползува, Употребува за себе, искористува. Тој се ползува со своето родителско право.

Оригинални податоци:

ползува, ползуваат несв. 1. Принесува полза некому; в. користи. Тревките ќе ми ползуваат за чаеви. Вниманието кон родителите ќе му ползува нему најмногу. 2. Користи, искористува. Тие ги ползуваа сувите гранки за потпалување. Таа ги ползува старите книги. ● се ~ Употребува за себе, искористува. Тој се ползува со своето родителско право. ‖ глаг. им. ползување ср.