помати

Глагол, свршен

Значење на помати:

1. Направи да стане матно, замати; зашемети, збуни. Алкохолот му ја помати свеста на стариот.

2. Намали задоволство, радост, уживање и сл., расипе. Тој настан им ја помати радоста на сите во семејството.

3. Мати малку, некое време. Помати ги јајцата и шеќерот уште малку.

Коњугација: поматат.

Изведени зборови:

  • поматување, глаг. им. ср.
  • се ~ помати, Се расипе, се намали интензитет, квалитет на односи, на живот. Им се поматија добрите односи во семејството.
  • (се) поматува, глаг. несв. (се) поматуваат

Оригинални податоци:

помати, поматат св. 1. Направи да стане матно, замати; зашемети, збуни. Алкохолот му ја помати свеста на стариот. 2. Намали задоволство, радост, уживање и сл., расипе. Тој настан им ја помати радоста на сите во семејството. 3. Мати малку, некое време. Помати ги јајцата и шеќерот уште малку. ● се ~ Се расипе, се намали интензитет, квалитет на односи, на живот. Им се поматија добрите односи во семејството. ‖ (се) поматува, (се) поматуваат несв. ‖ глаг. им. поматување ср.