помеѓу

Предлог

Значење на помеѓу:

1. Пространствено значење ‒ место во средина, во внатрешноста, што разделува две или повеќе нешта. Се наоѓа помеѓу крајната точка на фронтот и центарот.

2. Временско разделување, од еден до друг настан, период. Помеѓу двете светски војни се случува најголемиот крах на берзата.

3. Во средина на еднородни предмети, лица, појави. Одеднаш се испречија десетина полицајци помеѓу двете навивачки групи.

4. Заемен однос. Помеѓу жителите на двете населби секогаш имало добрососедски односи.

Фразеолошки израз / поговорка:

Помеѓу (меѓу) редови се чита ‒ при читањето се открива вистинската смисла, намера на авторот, иако тоа не е кажано директно.

Оригинални податоци:

помеѓу предл. 1. Пространствено значење ‒ место во средина, во внатрешноста, што разделува две или повеќе нешта. Се наоѓа помеѓу крајната точка на фронтот и центарот. 2. Временско разделување, од еден до друг настан, период. Помеѓу двете светски војни се случува најголемиот крах на берзата. 3. Во средина на еднородни предмети, лица, појави. Одеднаш се испречија десетина полицајци помеѓу двете навивачки групи. 4. Заемен однос. Помеѓу жителите на двете населби секогаш имало добрососедски односи. ◊ Помеѓу (меѓу) редови се чита ‒ при читањето се открива вистинската смисла, намера на авторот, иако тоа не е кажано директно.