помен
Значење на помен:
1. Обред во чест и спомен на починат; комеморација, парастос. Правеа помен за покојникот.
2. Обично со негација ‒ трага, останка. Нема ни помен ни траг од него.
Множина: помени.
Фразеолошки израз / поговорка:
Со туѓа погача помен правиш ‒ со туѓ труд се фалиш.
Оригинални податоци:
помен, мн. помени м. 1. Обред во чест и спомен на починат; комеморација, парастос. Правеа помен за покојникот. 2. Обично со негација ‒ трага, останка. Нема ни помен ни траг од него. ◊ Со туѓа погача помен правиш ‒ со туѓ труд се фалиш.