помести
Значење на помести:
1. Премести нешто од едно место на друго. Масата ја поместивме поблиску до ѕидот. Таа бесцелно ја поместуваше раката по масата и јас забележав на неа лек трепет.
2. Објави текст во весник, книга и сл. Во антологијата ја поместиле и неговата песна.
Коњугација: поместат.
Изведени зборови:
- поместување, глаг. им. ср.
- се ~ помести, 1. Се тргне од своето место, се измести. Тој се помести за едно место понапред, поблиску до прозорецот. Таа едвај мрзливо се помести на столчето. 2. (прен.) Се помери од умот, полуде. Тој се поместил од умот.
- (се) поместува, глаг. несв. (се) поместуваат
Фразеолошки израз / поговорка:
Помести се од местото! ‒ клетва, предупредување. Да не се поместам од место ако лажам ‒ заклетва.
Оригинални податоци:
помести, поместат св. 1. Премести нешто од едно место на друго. Масата ја поместивме поблиску до ѕидот. Таа бесцелно ја поместуваше раката по масата и јас забележав на неа лек трепет. 2. Објави текст во весник, книга и сл. Во антологијата ја поместиле и неговата песна. ● се ~ 1. Се тргне од своето место, се измести. Тој се помести за едно место понапред, поблиску до прозорецот. Таа едвај мрзливо се помести на столчето. 2. (прен.) Се помери од умот, полуде. Тој се поместил од умот. ◊ Помести се од местото! ‒ клетва, предупредување. Да не се поместам од место ако лажам ‒ заклетва. ‖ (се) поместува, (се) поместуваат несв. ‖ глаг. им. поместување ср.