помине
Значење на помине:
1. Мине низ нешто, покрај нешто или покрај некого. Помина по мостот. Трамвајот полека го помина плоштадот и продолжи накај пазарот. Помина покрај мене еден чуден човек.
2. а) Некој мине определено време некаде, некако. Ја помина ноќта во куќата на баба ѝ. Тие го поминаа одморот на планина. Тој ги помина со неа последните години од својот живот. б) Доживее, преживее определен временски период. Нејзината младост бргу помина. Тој помина извесно време на работа во Германија. в) Измине некој временски период, рок, годишно време и сл. Зимата бргу помина. Оттогаш поминаа три месеци.
3. (обично несв.) Врви, минува; мине.
4. Патот поминува низ шума. Оттука поминуваат сите главни сообраќајни јазли.
5. Заврши, дојде до крај. Свадбата помина весело. Изборите поминаа во мирна, демократска атмосфера. Операцијата поминала без компликации.
6. Направи определено движење со раката преку нешто. Агентот помина со рака преку влажното чело. Сликарот со брзи потези на четката помина уште неколку пати по платното.
7. а) За болка, маки ‒ се сврши, престане. Мене ми помина болката, не ме боли веќе. Му помина главоболкта. б) безл. Не ме боли веќе, ми помина.
8. (прен.) Мине од едно нешто на друго. Свадбарите од ракија поминале на вино. Дискутантот од едно прашање помина на друго без да ги поврзува работите.
9. а) Мине, измине дел од определена содржина. Помина половина филм, а уште ништо значајно не се случило. б) Изучи, совлада некаква материја, наставна програма и сл. Пред испитот го помина материјалот уште еднаш.
10. (прен.) Се јави и брзо исчезне (телесна дразба, осет, чувство, мисла и сл.). Една мисла му помина низ главата. Морници ми поминаа по телото. Некаква милина му помина од нозете нагоре. Преку лицето ѝ помина блага насмевка. Брзо му помина лутината.
11. (прен.) Е одобрен, примен, прифатен. Неговиот предлог не помина. Тоа прашање нема да помине денес на состанокот. Таа работа не помина кај директорот. 1а) Се подложи на учење, школување, напредување во работата. Ги помина сите фази на школувањето во родниот град. б) Успешен е во некоја работа. На испитот поминаа само двајца. в) Покаже успех, заврши нешто со успех. На фестивалот помина нашиот кандидат. 12. Се пробие, мине низ нешто. Еден шрапнел ѝ поминал преку градите и ѝ го зел гласот. Ножот поминал покрај срцето. Куршумот поминал низ левата потколеница. 13. (прен.) За глас, вест и сл. ‒ се рашири, се пренесе на повеќемина или повеќе места. Веста помина од уста на уста низ целата чаршија.
Коњугација: (ќе) поминеа , (ќе) поминев , (ќе) поминел, поминаа , поминав , поминал , поминат , поминете , помини .
Изведени зборови:
- поминува, глаг. поминуваат
- поминување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Многу поминало, малку останало ‒ многу се претпрпело, ќе се издржи и ова. Како на куче му помина ‒ оздраве многу лесно, многу брзо. Сум поминал јас на тој пат ‒ ги знам тие работи. Поминал низ лозје (ирон.) ‒ пијан човек. Не може ни пиле да помине ‒ многу голема заштита, осигурување. (Колку) да помине на редот ‒ површна работа. Купи ден, помини ‒ живее од денес до утре. Жеден преку вода ќе те помине ‒ итро ќе го избегне одговорот (или нешто да направи за некого). Евтино помина (кај некого, или со нешто) ‒ помине со лесно, без проблеми. Многу му помина преку глава ‒ преживеа тешки моменти во животот. Помина сито и решето ‒ доживее и преживее сè и сешто. Помина како преку турски гробишта ‒ мине крај некого не обрнувајќи внимание, без да прозбори нешто.
Оригинални податоци:
помине, поминат; помини, поминете; поминав, поминаа; поминал; (ќе) поминев, (ќе) поминеа; (ќе) поминел св. 1. Мине низ нешто, покрај нешто или покрај некого. Помина по мостот. Трамвајот полека го помина плоштадот и продолжи накај пазарот. Помина покрај мене еден чуден човек. 2. а) Некој мине определено време некаде, некако. Ја помина ноќта во куќата на баба ѝ. Тие го поминаа одморот на планина. Тој ги помина со неа последните години од својот живот. б) Доживее, преживее определен временски период. Нејзината младост бргу помина. Тој помина извесно време на работа во Германија. в) Измине некој временски период, рок, годишно време и сл. Зимата бргу помина. Оттогаш поминаа три месеци. 3. (обично несв.) Врви, минува; сп. мине. 2. Патот поминува низ шума. Оттука поминуваат сите главни сообраќајни јазли. 4. Заврши, дојде до крај. Свадбата помина весело. Изборите поминаа во мирна, демократска атмосфера. Операцијата поминала без компликации. 5. Направи определено движење со раката преку нешто. Агентот помина со рака преку влажното чело. Сликарот со брзи потези на четката помина уште неколку пати по платното. 6. а) За болка, маки ‒ се сврши, престане. Мене ми помина болката, не ме боли веќе. Му помина главоболкта. б) безл. Не ме боли веќе, ми помина. 7. (прен.) Мине од едно нешто на друго. Свадбарите од ракија поминале на вино. Дискутантот од едно прашање помина на друго без да ги поврзува работите. 8. а) Мине, измине дел од определена содржина. Помина половина филм, а уште ништо значајно не се случило. б) Изучи, совлада некаква материја, наставна програма и сл. Пред испитот го помина материјалот уште еднаш. 9. (прен.) Се јави и брзо исчезне (телесна дразба, осет, чувство, мисла и сл.). Една мисла му помина низ главата. Морници ми поминаа по телото. Некаква милина му помина од нозете нагоре. Преку лицето ѝ помина блага насмевка. Брзо му помина лутината. 10. (прен.) Е одобрен, примен, прифатен. Неговиот предлог не помина. Тоа прашање нема да помине денес на состанокот. Таа работа не помина кај директорот. 11. а) Се подложи на учење, школување, напредување во работата. Ги помина сите фази на школувањето во родниот град. б) Успешен е во некоја работа. На испитот поминаа само двајца. в) Покаже успех, заврши нешто со успех. На фестивалот помина нашиот кандидат. 12. Се пробие, мине низ нешто. Еден шрапнел ѝ поминал преку градите и ѝ го зел гласот. Ножот поминал покрај срцето. Куршумот поминал низ левата потколеница. 13. (прен.) За глас, вест и сл. ‒ се рашири, се пренесе на повеќемина или повеќе места. Веста помина од уста на уста низ целата чаршија. ◊ Многу поминало, малку останало ‒ многу се претпрпело, ќе се издржи и ова. Како на куче му помина ‒ оздраве многу лесно, многу брзо. Сум поминал јас на тој пат ‒ ги знам тие работи. Поминал низ лозје (ирон.) ‒ пијан човек. Не може ни пиле да помине ‒ многу голема заштита, осигурување. (Колку) да помине на редот ‒ површна работа. Купи ден, помини ‒ живее од денес до утре. Жеден преку вода ќе те помине ‒ итро ќе го избегне одговорот (или нешто да направи за некого). Евтино помина (кај некого, или со нешто) ‒ помине со лесно, без проблеми. Многу му помина преку глава ‒ преживеа тешки моменти во животот. Помина сито и решето ‒ доживее и преживее сè и сешто. Помина како преку турски гробишта ‒ мине крај некого не обрнувајќи внимание, без да прозбори нешто. ‖ поминува, поминуваат ‖ глаг. им. поминување ср.