помисли
Значење на помисли:
1. Се задржи со мислите на нешто; падне на ум некаква мисла, сеќавање. Тој помисли да се врати назад во своето родно место. Таа помисли на мајка си, што ли прави сега сама дома.
2. Се погрижи за нешто. Треба да помислите и на учењето. Помисли малку ‒ што ќе биде утре? 3. Мисли извесно време. Тој помисли, помисли, па одговори на прашањето.
Коњугација: помислат.
Изведени зборови:
- помислување, глаг. им. ср.
- се ~ помисли, Помине малку време во мислење. Обвинетиот се помисли малку и си ја призна грешката. Таа се помисли добро дали да го прифати неговиот предлог. Еве, помисли се за момент, прашањето не е ни малку едноставно.
- (се) помислува, глаг. несв. (се) помислуваат
Оригинални податоци:
помисли, помислат св. 1. Се задржи со мислите на нешто; падне на ум некаква мисла, сеќавање. Тој помисли да се врати назад во своето родно место. Таа помисли на мајка си, што ли прави сега сама дома. 2. Се погрижи за нешто. Треба да помислите и на учењето. Помисли малку ‒ што ќе биде утре? 3. Мисли извесно време. Тој помисли, помисли, па одговори на прашањето. ● се ~ Помине малку време во мислење. Обвинетиот се помисли малку и си ја призна грешката. Таа се помисли добро дали да го прифати неговиот предлог. Еве, помисли се за момент, прашањето не е ни малку едноставно. ‖ (се) помислува, (се) помислуваат несв. ‖ глаг. им. помислување ср.