помогне
Значење на помогне:
1. Укаже помош некому. Шивачката ѝ помогна на девојката да го облече фустанот. Тој им помогнал на затворениците да побегнат од затворот. Тој помогна во зголемувањето на производството.
2. Материјално поткрепи. Жителите ќе ја помогнат електрификацијата на нивните населби со работа.
3. Укаже нужно дејство, даде очекувана помош. Ти помогна ли лекот? 4. Си помогне сам себеси, си помогне еден со друг.
Коњугација: (ќе) помогнеа , (ќе) помогнев , (ќе) помогнел, помогнаа , помогнав , помогнал , помогнат , помогнат , помогнете , помогни .
Изведени зборови:
- помогнување, глаг. им. ср.
- се ~ помогне, Заемно. Ќе си помогнат еден со друг.
- (се) помогнува, глаг. несв. (се) помогнуваат
Фразеолошки израз / поговорка:
Господ да ви помогне ‒ желба за успешна работа. Ајде, боже поможи ‒ при почнување на работа. Помогни си сам, та и господ да ти помогне.
Оригинални податоци:
помогне, помогнат; помогни, помогнете; помогнав, помогнаа; помогнал; помогнат; (ќе) помогнев, (ќе) помогнеа; (ќе) помогнел св. 1. Укаже помош некому. Шивачката ѝ помогна на девојката да го облече фустанот. Тој им помогнал на затворениците да побегнат од затворот. Тој помогна во зголемувањето на производството. 2. Материјално поткрепи. Жителите ќе ја помогнат електрификацијата на нивните населби со работа. 3. Укаже нужно дејство, даде очекувана помош. Ти помогна ли лекот? 4. Си помогне сам себеси, си помогне еден со друг. ● си ~ Заемно. Ќе си помогнат еден со друг. ◊ Господ да ви помогне ‒ желба за успешна работа. Ајде, боже поможи ‒ при почнување на работа. Помогни си сам, та и господ да ти помогне. ‖ (се) помогнува, (се) помогнуваат несв. ‖ глаг. им. помогнување ср.