помош

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на помош:

1. Морална, финансиска, материјална и друг вид поддршка или кој и да е вид помагање во некаква незгода. Морална помош. Финансиска помош. Материјална помош. Парична помош. Прва помош. Помош во храна и лекови.

2. Помош! ‒ повик при опасност.

Фразеолошки израз / поговорка:

Брза помош ‒ организирана служба за итни интервенции во медицината. Со помош на некого ‒ со поддршка на некого. Со помош на нешто ‒ со примена, со употреба на нешто.

Оригинални податоци:

помош (само едн.) ж. 1. Морална, финансиска, материјална и друг вид поддршка или кој и да е вид помагање во некаква незгода. Морална помош. Финансиска помош. Материјална помош. Парична помош. Прва помош. Помош во храна и лекови. 2. Помош! ‒ повик при опасност. ◊ Брза помош ‒ организирана служба за итни интервенции во медицината. Со помош на некого ‒ со поддршка на некого. Со помош на нешто ‒ со примена, со употреба на нешто.