помрачи

Глагол, свршен

Значење на помрачи:

1. Направи да биде мрачен, затемни. Пепелот од вулканот го помрачи сонцето. Тогаш облаците го помрачиле небото.

2. (прен.) Одземе или намали важност, углед, слава и сл. Неуспехот на филмот ја помрачи славата на популарната актерка.

3. (прен.) Намали или помати радост, среќа, задоволство и сл. Тој настан им ја помрачи радоста на сите.

Коњугација: помрачат.

Изведени зборови:

  • помрачување, глаг. им. ср. помрачување 1. Кон зн. 1, 2 и 3. 2. (астр.) Појава кога едно небеско тело ја помрачува светлината на друго небеско тело. Помрачување на Сонцето. Помрачување на Месечината.
  • се ~ помрачи, 1. Стане мрачен, нејасен, темен. 2. (прен.) Изгуби способност за здраво расудување. Свеста ѝ се помрачи и никогаш повеќе не се поврати. По тие настани умот му се помрачи.
  • (се) помрачува, глаг. несв. (се) помрачуваат

Оригинални податоци:

помрачи, помрачат св. 1. Направи да биде мрачен, затемни. Пепелот од вулканот го помрачи сонцето. Тогаш облаците го помрачиле небото. 2. (прен.) Одземе или намали важност, углед, слава и сл. Неуспехот на филмот ја помрачи славата на популарната актерка. 3. (прен.) Намали или помати радост, среќа, задоволство и сл. Тој настан им ја помрачи радоста на сите. ● се ~ 1. Стане мрачен, нејасен, темен. 2. (прен.) Изгуби способност за здраво расудување. Свеста ѝ се помрачи и никогаш повеќе не се поврати. По тие настани умот му се помрачи. ‖ (се) помрачува, (се) помрачуваат несв. ‖ глаг. им. помрачување ср. 1. Кон зн. 1, 2 и 3. 2. (астр.) Појава кога едно небеско тело ја помрачува светлината на друго небеско тело. Помрачување на Сонцето. Помрачување на Месечината.