понареди
Значење на понареди:
1. Нареди, доведе нешто малку, донекаде во определен ред; намести. Кога ќе имаш време, позачисти, поспастри и понареди за кога ќе дојдам да биде сѐ во ред.
2. Нареди, среди, расчисти донекаде некоја работа, несогласувања и сл. Ја понареди работата и сега му е лесно да зборува.
Коњугација: понаредат.
Изведени зборови:
- се ~ понареди, 1. Се нареди, се доведе малку, донекаде во определен ред. 2. (прен.) Се дотера, се нагизди малку, донекаде.
- (се) понаредува, глаг. несв. (се) понаредуваат
Оригинални податоци:
понареди, понаредат св. 1. Нареди, доведе нешто малку, донекаде во определен ред; намести. Кога ќе имаш време, позачисти, поспастри и понареди за кога ќе дојдам да биде сѐ во ред. 2. Нареди, среди, расчисти донекаде некоја работа, несогласувања и сл. Ја понареди работата и сега му е лесно да зборува. ● се ~ 1. Се нареди, се доведе малку, донекаде во определен ред. 2. (прен.) Се дотера, се нагизди малку, донекаде. ‖ (се) понаредува, (се) понаредуваат несв.