Оригинални податоци:
понатаму прил. Компаратив од натаму. 1. Со просторно значење – во определен правец, понапред, подалеку. Малку понатаму здогледа силна тврдина. Кога виде дека продолжи понатаму, знаеше дека нема да може да го стигне. 2. Со временско значење – подоцна, во иднина. Сојузот е со намера оваа соработка да продолжи и понатаму. 3. Веќе, повеќе. Јас вака понатаму не можам. И како да е сѐ в ред - ништо понатаму не испитуваа. 4. Уште. Нема смисла понатаму да го чекаме. Лежејќи и понатаму, скинав гранче и го оголив.