понесе

Глагол, свршен

Значење на понесе:

1. Тргне носејќи нешто со себе; земе за раце или подигне нешто и тргне во определен правец. Ќе понесеше јадење и цел ден остануваше во својата нива. Тој им набројуваше кои работи да ги понесат. Тој го фати под мишка и го понесе. Го крена детето заспано и го понесе дома.

2. За вода, ветар и сл. – повлече, однесе со себе некого, нешто со силата на движење. Детското летало ненадејно го понесе ветрот.

3. (прен.) а) Земе на себе (задача, одговорност и сл.), преземе, поднесе. Така тој најде ближен што го понесе на плеќи сето она што може да му го влее лутината. Ајде да не го товараме да не може да го понесе товарот. Таа постојано одговараше дека е уште премногу млада за да го понесе врз себе бремето на брачниот живот. б) Добие, заслужи награда и сл. Нивниот ансамбл ја понесе наградата за најдобро уметничко остварување. Тој ја понесе славата на друг човек.

4. (прен.) а) Опфати, обземе некого нешто. Се стрча, срипа, го понесе паника. Тука го подзеде, го понесе турканицата, го исфрли во луѓето. б) Занесе, опие. Се пушташе да го понесе таа сладосна замреност. Сонот за миг ја обзеде и понесе.

Коњугација: (ќе) понесеа , (ќе) понесеа , (ќе) понесев , (ќе) понесев , (ќе) понесел и (ќе ) понел , понесат , понесен, понесете , понеси , понесоа , понесов , понесол и понел .

Изведени зборови:

  • се ~ понесе, За звук – брзо се рашири, се разнесе. Насекаде се понесе милозвучната песна на птицата.
  • (се) понесува, глаг. несв. (се) понесуваат

Оригинални податоци:

понесе, понесат; понеси, понесете; понесов, понесоа; понесол и понел; (ќе) понесев, (ќе) понесеа; (ќе) понесев, (ќе) понесеа; (ќе) понесел и (ќе ) понел; понесен св. 1. Тргне носејќи нешто со себе; земе за раце или подигне нешто и тргне во определен правец. Ќе понесеше јадење и цел ден остануваше во својата нива. Тој им набројуваше кои работи да ги понесат. Тој го фати под мишка и го понесе. Го крена детето заспано и го понесе дома. 2. За вода, ветар и сл. – повлече, однесе со себе некого, нешто со силата на движење. Детското летало ненадејно го понесе ветрот. 3. (прен.) а) Земе на себе (задача, одговорност и сл.), преземе, поднесе. Така тој најде ближен што го понесе на плеќи сето она што може да му го влее лутината. Ајде да не го товараме да не може да го понесе товарот. Таа постојано одговараше дека е уште премногу млада за да го понесе врз себе бремето на брачниот живот. б) Добие, заслужи награда и сл. Нивниот ансамбл ја понесе наградата за најдобро уметничко остварување. Тој ја понесе славата на друг човек. 4. (прен.) а) Опфати, обземе некого нешто. Се стрча, срипа, го понесе паника. Тука го подзеде, го понесе турканицата, го исфрли во луѓето. б) Занесе, опие. Се пушташе да го понесе таа сладосна замреност. Сонот за миг ја обзеде и понесе. ● се ~ За звук – брзо се рашири, се разнесе. Насекаде се понесе милозвучната песна на птицата. ‖ (се) понесува, (се) понесуваат несв.