поникне 1

Глагол, свршен

Значење на поникне:

1. Никне, изникне насекаде (трева, растенија). Бујна, зелена трева беше поникнала. Фатија пролетни дождови и компирите поникнаа.

2. (прен.) Се појави, создаде. Треба да се разгледуваат и прашања поникнати од самата практика. Рацин како поет поникна од еден мошне плоден македонски јазичен регион.

Коњугација: (ќе) поникнеа , (ќе) поникнел, (ќе) поникнеше , поникнаа , поникнав , поникнал , поникнат , поникнат , поникнете , поникни .

Изведени зборови:

  • поникнува, глаг. несв. поникнуваат
  • поникнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

поникне1, поникнат; поникни, поникнете; поникнав, поникнаа; поникнал; поникнат; (ќе) поникнеше, (ќе) поникнеа; (ќе) поникнел св. 1. Никне, изникне насекаде (трева, растенија). Бујна, зелена трева беше поникнала. Фатија пролетни дождови и компирите поникнаа. 2. (прен.) Се појави, создаде. Треба да се разгледуваат и прашања поникнати од самата практика. Рацин како поет поникна од еден мошне плоден македонски јазичен регион. ‖ поникнува, поникнуваат несв. ‖ глаг. им. поникнување ср.