понор

Именка, машки род

Значење на понор:

1. а) Место каде што водата понира под земјата. б) Голема длабочина со стрмни, вертикални страни; бездна.

2. (прен.) а) Пропаст, несреќа. Како да се изнајде човекот пред понорот на осаменоста. б) Постоење голема разлика, несогласување за нешто. Таа го претчувствува понорот меѓу родителите и затоа се плаши.

Множина: понори.

Оригинални податоци:

понор, мн. понори м. 1. а) Место каде што водата понира под земјата. б) Голема длабочина со стрмни, вертикални страни; бездна. 2. (прен.) а) Пропаст, несреќа. Како да се изнајде човекот пред понорот на осаменоста. б) Постоење голема разлика, несогласување за нешто. Таа го претчувствува понорот меѓу родителите и затоа се плаши.