понуда 1

Именка, женски род

Значење на понуда:

1. Изјава со која се изразува подготвеност за соработка, за помош, желба за брак и сл. Тој ја прифати понудата на луѓето да го сместат во некоја куќа. Иако не беше јал, тој ја одби неговата понуда, со изговор дека не е гладен. Таа имала многу примамливи понуди, но секогаш ги одбивала желбите на момчето што ја сака.

2. (екон.) Количина на стока што се нуди на пазарот. Понуда и побарувачка.

3. а) Наддавање во цената, лицитација. На лицитацијата немаше голема понуда. б) Документ во кој се изнесени условите за прифаќање на работа добиена по пат на лицитација. По прибирање на понудите се одбра најповолната.

Множина: понуди.

Оригинални податоци:

понуда1, мн. понуди ж. 1. Изјава со која се изразува подготвеност за соработка, за помош, желба за брак и сл. Тој ја прифати понудата на луѓето да го сместат во некоја куќа. Иако не беше јал, тој ја одби неговата понуда, со изговор дека не е гладен. Таа имала многу примамливи понуди, но секогаш ги одбивала желбите на момчето што ја сака. 2. (екон.) Количина на стока што се нуди на пазарот. Понуда и побарувачка. 3. а) Наддавање во цената, лицитација. На лицитацијата немаше голема понуда. б) Документ во кој се изнесени условите за прифаќање на работа добиена по пат на лицитација. По прибирање на понудите се одбра најповолната.