понуди
Значење на понуди:
1. Предложи некому нешто (работа, услуга, спогодба, цена, стока итн.), даде можност за избор, за согласност. Се жалаше дека местото што му е понудено не му одговара. Тие станаа и ни понудија столови. Пред неколку потези младиот противник му понуди реми. Пазарџијата понуди добра цена.
Коњугација: понудат.
Изведени зборови:
- понудување, глаг. им. ср.
- се ~ понуди, Предложи некому свои услуги, изрази подготвеност за соработка. Тој се понуди да го одведе до соседното село. Момчето веднаш се понуди да помогне.
- (се) понудува, глаг. несв. (се) понудуваат
Оригинални податоци:
понуди, понудат св. 1. Предложи некому нешто (работа, услуга, спогодба, цена, стока итн.), даде можност за избор, за согласност. Се жалаше дека местото што му е понудено не му одговара. Тие станаа и ни понудија столови. Пред неколку потези младиот противник му понуди реми. Пазарџијата понуди добра цена. ● се ~ Предложи некому свои услуги, изрази подготвеност за соработка. Тој се понуди да го одведе до соседното село. Момчето веднаш се понуди да помогне. ‖ (се) понудува, (се) понудуваат несв. ‖ глаг. им. понудување ср.