поодмине

Глагол, свршен

Значење на поодмине:

1. Отиде малку подалеку, се оддалечи на определно растојание; пооддалечи Тој седнал да отпочине, додека неговите другари поодминале.

2. За време – помине, измине. Ноќта беше веќе доста поодминала кога се врати дома. Зората веќе поодмина.

Коњугација: (ќе) поодминеа , (ќе) поодминев , (ќе) поодминел, поодминаа , поодминав , поодминал , поодминат , поодминат , поодминете , поодмини .

Изведени зборови:

  • поодминува, глаг. несв. поодминуваат

Оригинални податоци:

поодмине, поодминат; поодмини, поодминете; поодминав, поодминаа; поодминал; поодминат; (ќе) поодминев, (ќе) поодминеа; (ќе) поодминел св. 1. Отиде малку подалеку, се оддалечи на определно растојание; сп. пооддалечи 1. Тој седнал да отпочине, додека неговите другари поодминале. 2. За време – помине, измине. Ноќта беше веќе доста поодминала кога се врати дома. Зората веќе поодмина. ‖ поодминува, поодминуваат несв.