поопадне

Глагол, свршен

Значење на поопадне:

1. За лисје, цут, коса и сл. – опадне малку; опадне Од ветрот лисјата поопаднале.

2. (прен.) Ослаби здравствено, изгуби сила; опадне. По извесно време тој поопадна.

3. (прен.) Опадне, ослабне малку, во помал степен. Интересот за неговата книга поопадна.

Коњугација: (ќе) поопаднеа , (ќе) поопаднев , (ќе) поопаднел, поопаднаа , поопаднав , поопаднал , поопаднат , поопаднат , поопаднете , поопадни .

Изведени зборови:

  • поопаднува, глаг. несв. поопаднуваат -- поопаѓа, поопаѓаат

Оригинални податоци:

поопадне, поопаднат; поопадни, поопаднете; поопаднав, поопаднаа; поопаднал; поопаднат; (ќе) поопаднев, (ќе) поопаднеа; (ќе) поопаднел св. 1. За лисје, цут, коса и сл. – опадне малку; сп. опадне 1. Од ветрот лисјата поопаднале. 2. (прен.) Ослаби здравствено, изгуби сила; опадне. По извесно време тој поопадна. 3. (прен.) Опадне, ослабне малку, во помал степен. Интересот за неговата книга поопадна. ‖ поопаднува, поопаднуваат / поопаѓа, поопаѓаат несв.