поосигури
Значење на поосигури:
Осигури донекаде нешто. Со постигнатите резултати тој го поосигури својот пласман.Коњугација: поосигурат.
Изведени зборови:
- се ~ поосигури, 1. Се осигури донекаде. По потпишаниот договор тој се поосигури од измама. 2. Се снабди, обезбеди донекаде. Есента се поосигурил со огрев. 3. Се увери донекаде за нешто. По расправата тој се поосигури дека е во право.
- (се) поосигурува, глаг. несв. (се) поосигуруваат
Оригинални податоци:
поосигури, поосигурат св. Осигури донекаде нешто. Со постигнатите резултати тој го поосигури својот пласман. ● се ~ 1. Се осигури донекаде. По потпишаниот договор тој се поосигури од измама. 2. Се снабди, обезбеди донекаде. Есента се поосигурил со огрев. 3. Се увери донекаде за нешто. По расправата тој се поосигури дека е во право. ‖ (се) поосигурува, (се) поосигуруваат несв.