поосиромаши

Глагол, свршен

Значење на поосиромаши:

1. Направи некого донекаде сиромав. Големите давачки го поосиромашија народот.

2. Стане донекаде сиромав. Фирмата слабо работеше и тие поосиромашија последниве години.

Коњугација: поосиромашат.

Изведени зборови:

  • се ~ поосиромаши, Стане донекаде сиромав.

Оригинални податоци:

поосиромаши, поосиромашат св. 1. Направи некого донекаде сиромав. Големите давачки го поосиромашија народот. 2. Стане донекаде сиромав. Фирмата слабо работеше и тие поосиромашија последниве години. ● се ~ Стане донекаде сиромав.