поослободи

Глагол, свршен

Значење на поослободи:

1. Ослободи донекаде некого или нешто од оној или од она што врзува, држи, притиска и сл.; ослободи 2. Кога ги поослободи рацете од тешкиот товар, му олесна.

2. Ослободи донекаде од обврска, должност, обвинение и сл.; ослободи 5. Летото тој ги поослободи од работните обврски.

3. Направи некој донекаде слободен, охрабри некого; ослободи 7. Тој се заврти за да ги поослободи од чувството дека им се вмешува во разговорот.

Коњугација: поослободат.

Изведени зборови:

  • се ~ поослободи, 1. Се ослободи донекаде од некого или од нешто што држи, врзува, притиска и сл. По разговорот тој се поослободи од грижите што го притискаа. 2. Се ослободи донекаде од обврска, должност, одговорност и сл. Откако дојде новиот колега, тој се поослободи од должностите. 3. Се почувствува донекаде слободен, се охрабри. По неколку случајни средби момчето се поослободи да ја покани на забавата.
  • (се) поослободува, глаг. несв. (се) поослободуваат

Оригинални податоци:

поослободи, поослободат св. 1. Ослободи донекаде некого или нешто од оној или од она што врзува, држи, притиска и сл.; сп. ослободи 2. Кога ги поослободи рацете од тешкиот товар, му олесна. 2. Ослободи донекаде од обврска, должност, обвинение и сл.; сп. ослободи 5. Летото тој ги поослободи од работните обврски. 3. Направи некој донекаде слободен, охрабри некого; сп. ослободи 7. Тој се заврти за да ги поослободи од чувството дека им се вмешува во разговорот. ● се ~ 1. Се ослободи донекаде од некого или од нешто што држи, врзува, притиска и сл. По разговорот тој се поослободи од грижите што го притискаа. 2. Се ослободи донекаде од обврска, должност, одговорност и сл. Откако дојде новиот колега, тој се поослободи од должностите. 3. Се почувствува донекаде слободен, се охрабри. По неколку случајни средби момчето се поослободи да ја покани на забавата. ‖ (се) поослободува, (се) поослободуваат несв.