поосвежи
Значење на поосвежи:
1. Направи донекаде свеж. Се изми и ладната вода го поосвежи.
2. Направи донекаде бодар, врати донекаде сили. Пладневниот одмор го поосвежи.
3. Поднови донекаде. Собата ја поосвежи со весели завеси.
4. Поврати донекаде во сеќавањето. Таа случајна средба им ги поосвежи спомените од детството.
Коњугација: поосвежат.
Изведени зборови:
- се ~ поосвежи, 1. Стане донекаде свеж. Дај му малку вода да се поосвежи. 2. Стане донекаде бодар. Се наспа и се поосвежи.
- (се) поосвежува, глаг. несв. (се) поосвежуваат
Оригинални податоци:
поосвежи, поосвежат св. 1. Направи донекаде свеж. Се изми и ладната вода го поосвежи. 2. Направи донекаде бодар, врати донекаде сили. Пладневниот одмор го поосвежи. 3. Поднови донекаде. Собата ја поосвежи со весели завеси. 4. Поврати донекаде во сеќавањето. Таа случајна средба им ги поосвежи спомените од детството. ● се ~ 1. Стане донекаде свеж. Дај му малку вода да се поосвежи. 2. Стане донекаде бодар. Се наспа и се поосвежи. ‖ (се) поосвежува, (се) поосвежуваат несв.