поотстапи
Значење на поотстапи:
1. Отстапи, се помести малку, донекаде од местото.
2. Отстапи, попушти малку, донекаде. Тие не сакаа да поотстапат во спорот.
3. Отстапи малку, донекаде од свое мислење, убедување, одлука и сл. Не сакаше ни да помисли да поотстапи од својата одлука.
4. Намали, попушти малку, донекаде цена на нешто. Тој мораше да поотстапи во цената за да ја продаде стоката.
Коњугација: поотстапат.
Изведени зборови:
- поотстапува, глаг. несв. поотстапуваат
Оригинални податоци:
поотстапи, поотстапат св. 1. Отстапи, се помести малку, донекаде од местото. 2. Отстапи, попушти малку, донекаде. Тие не сакаа да поотстапат во спорот. 3. Отстапи малку, донекаде од свое мислење, убедување, одлука и сл. Не сакаше ни да помисли да поотстапи од својата одлука. 4. Намали, попушти малку, донекаде цена на нешто. Тој мораше да поотстапи во цената за да ја продаде стоката. ‖ поотстапува, поотстапуваат несв.