поп
Значење на поп:
1. Православен свештеник. Попот влезе во олтарот, тури темјан во кадилницата.
2. Свештеник воопшто. Католички поп. Протестантски поп.
3. Карта за игра: машка фигура со круна на главата.
4. Срцевина, средина на лубеница. Како на машко, мене ми припаѓаше и попот, слачното среде на лубеницата.
Множина: попови.
Изведени зборови:
- попец, и. м. хип.
- попче, и. ср. дем. и хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
И над попот има поп – над секоја власт има повисока власт. Уште попот и шапката. Уште на попот шапката – кога има голем неред во куќата, кога не се знае каде што стои. Како поп(че) ќе каже (ќе стори, направи, дојде итн.) – мора да каже (стори, направи, дојде).
Оригинални податоци:
поп, мн. попови м. 1. Православен свештеник. Попот влезе во олтарот, тури темјан во кадилницата. 2. Свештеник воопшто. Католички поп. Протестантски поп. 3. Карта за игра: машка фигура со круна на главата. 4. Срцевина, средина на лубеница. Како на машко, мене ми припаѓаше и попот, слачното среде на лубеницата. ◊ И над попот има поп – над секоја власт има повисока власт. Уште попот и шапката. Уште на попот шапката – кога има голем неред во куќата, кога не се знае каде што стои. Како поп(че) ќе каже (ќе стори, направи, дојде итн.) – мора да каже (стори, направи, дојде). ‖ попец, мн. попци м. хип. ‖ попче, мн. попчиња ср. дем. и хип.