попадне
Значење на попадне:
1. (книж.) Се најде на некакво место, во некаква ситуација. Се чудеше како можело ковчежето да попадне во наши раце. Таа беше попаднала во некаков тивок очај.
2. Падне малку, донекаде. По црните коси попаднала жолта прав од расцутена царевка.
3. За множество – попаднат сите со ред, до еден. Попаднаа од смеа.
4. (народ. поез.) Дојде, се најде некаде. Попаднала црна Арапина, попаднала солунски ливаѓе, ми удрила белана чадара.
Коњугација: (ќе) попаднеа , (ќе) попаднев , (ќе) попаднел, попаднаа , попаднав , попаднал , попаднат , попаднат , попаднете , попадни .
Изведени зборови:
- попаѓа, глаг. несв. попаѓаат Кон зн. 3.
Оригинални податоци:
попадне, попаднат; попадни, попаднете; попаднав, попаднаа; попаднал; попаднат; (ќе) попаднев, (ќе) попаднеа; (ќе) попаднел св. 1. (книж.) Се најде на некакво место, во некаква ситуација. Се чудеше како можело ковчежето да попадне во наши раце. Таа беше попаднала во некаков тивок очај. 2. Падне малку, донекаде. По црните коси попаднала жолта прав од расцутена царевка. 3. За множество – попаднат сите со ред, до еден. Попаднаа од смеа. 4. (народ. поез.) Дојде, се најде некаде. Попаднала црна Арапина, попаднала солунски ливаѓе, ми удрила белана чадара. ‖ попаѓа, попаѓаат несв. Кон зн. 3.