попара
Значење на попара:
Издробен сув леб попарен со врела вода со масло и сл., или во млеко, чај и др.Множина: попари.
Изведени зборови:
- попарица, и. ж. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Тој ја јал попарата – тој го извлекол полошиот крај. Дојде на готова попара – дошол на готово, на завршена работа. Тој ја надроби таа попара – направи некому, стави некого во непријатна ситуација. Не сркај со деца попара. (посл.)
Оригинални податоци:
попара, мн. попари ж. Издробен сув леб попарен со врела вода со масло и сл., или во млеко, чај и др. ◊ Тој ја јал попарата – тој го извлекол полошиот крај. Дојде на готова попара – дошол на готово, на завршена работа. Тој ја надроби таа попара – направи некому, стави некого во непријатна ситуација. Не сркај со деца попара. (посл.) ‖ попарица, мн. попарици ж. дем.