попасе
Значење на попасе:
1. За добиток – помине кратко време во пасење. Кравите си попасле малку тревичка.
2. Изведе добиток на пасење малку, кратко време. Излегол да ги попасе овците.
Коњугација: (ќе) попасеа , (ќе) попасев , (ќе) попасел , попасат , попасен, попасете , попаси , попасле , попасоа , попасов , попасол .
Изведени зборови:
- попасува, глаг. несв. попасуваат
- попасување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
попасе, попасат; попаси, попасете; попасов, попасоа; попасол, попасле; (ќе) попасев, (ќе) попасеа; (ќе) попасел; попасен св. 1. За добиток – помине кратко време во пасење. Кравите си попасле малку тревичка. 2. Изведе добиток на пасење малку, кратко време. Излегол да ги попасе овците. ‖ попасува, попасуваат несв. ‖ глаг. им. попасување ср.