попис

Именка, машки род

Значење на попис:

1. Попишување на нешто (население, добиток, предмети, имот и сл.) заради регистрирање на нивниот број или количина. Попис на населението. Тие извршија попис на сиот имот во фирмата. Беше извршен попис на добитокот.

2. (прен.) Список, листа со податоци, добиени со попишување. На тој попис не се наоѓаше неговото име.

Множина: пописи.

Оригинални податоци:

попис, мн. пописи м. 1. Попишување на нешто (население, добиток, предмети, имот и сл.) заради регистрирање на нивниот број или количина. Попис на населението. Тие извршија попис на сиот имот во фирмата. Беше извршен попис на добитокот. 2. (прен.) Список, листа со податоци, добиени со попишување. На тој попис не се наоѓаше неговото име.