поправи 1

Глагол, свршен

Значење на поправи:

1. Отстрани дефект, неисправност на нешто; оспособи за употреба, работа. Тие ја поправија стреата на куќата. Мајсторот ја поправи машината за перење.

2. Отстрани недостатоци во нешто; укаже на грешка. Учителот му го поправи ракописот на детето.

3. Доведе нешто во ред. Само тој би можел да ја поправи оваа ситуација. Таа си ја поправи косата пред огледалото.

4. Промени нешто кон подобро; подобри. Тој знаеше дека ќе треба време за да ја поправи својата положба во фирмата. Погрижи се да ја поправиш двојката по сметање.

Конјугација: поправат.

Изведени зборови:

  • поправање, глаг. им. ср.
  • (се) поправа, глаг. несв. (се) поправаат
  • се ~ поправи, 1. Отстрани своја грешка, недостаток, порок. Тој се надеваше дека син му ќе се поправи на училиште. 2. (само во 3 л.) За време – стане поведро. Попладне времето се поправи. 3. Зајакне по болест; закрепне. Штом оздравев и се поправив, тргнав на пат. 4. Се здебели. Чистиот планински воздух му го отвори апетитот и тој бргу се поправи.

Оригинални податоци:

поправи1, поправат св. 1. Отстрани дефект, неисправност на нешто; оспособи за употреба, работа. Тие ја поправија стреата на куќата. Мајсторот ја поправи машината за перење. 2. Отстрани недостатоци во нешто; укаже на грешка. Учителот му го поправи ракописот на детето. 3. Доведе нешто во ред. Само тој би можел да ја поправи оваа ситуација. Таа си ја поправи косата пред огледалото. 4. Промени нешто кон подобро; подобри. Тој знаеше дека ќе треба време за да ја поправи својата положба во фирмата. Погрижи се да ја поправиш двојката по сметање. ● се ~ 1. Отстрани своја грешка, недостаток, порок. Тој се надеваше дека син му ќе се поправи на училиште. 2. (само во 3 л.) За време – стане поведро. Попладне времето се поправи. 3. Зајакне по болест; закрепне. Штом оздравев и се поправив, тргнав на пат. 4. Се здебели. Чистиот планински воздух му го отвори апетитот и тој бргу се поправи. ‖ (се) поправа, (се) поправаат несв. ‖ глаг. им. поправање ср.