поприбере

Глагол, свршен

Значење на поприбере:

1. Присобере нешто што е расфрлано и го стави на место; прибере 1а. Таа ги поприбра расфрланите алишта.

2. Собере и понесе нешто со себе. Трговецот ја поприбра стоката и си замина.

3. Присобере уште малку (податок, материјал и сл.); прибере 1в. Треба да се поприберат уште некои документи.

4. Стави нешто на скришно место, скрие; прибере 2. Поприбери ги париве некаде да не ги види.

5. Доведе малку во ред; прибере 3а. Застана пред огледалото да ја поприбере косата.

6. За раце, нозе – собере, повлече малку кон себе; прибере 3б. Поприбери ги нозете да не те згазнам.

7. Доведе, прими некого во својот дом на краток период, на некое време; прибере 5. Таа излезе да ги поприбере децата. Тој чини поприбери го за некој ден кај себе и пак исфрли го.

8. Собере малку, донекаде. Откако поприбравме сили, ги нападнавме.

9. (прен.) Дојде малку на себе, среди малку мисли, чувства. Откако ги поприбра своите мисли, донесе решение.

Конјугација: (ќе) поприбереа , (ќе) поприберев , (ќе) поприберел, поприберат , поприберете , поприбери , поприбраа , поприбрав , поприбрал , поприбран .

Изведени зборови:

  • се ~ поприбере, 1. За тело – се повлече малку. Поприбери се малку, да поминам. 2. Се вразуми, се опамети малку. Откако се ожени, се поприбра. 3. Дојде малку на себе, се смири. Откако се поприбра, тој им раскажа сѐ.
  • (се) поприбира, глаг. несв. (се) поприбираат

Оригинални податоци:

поприбере, поприберат; поприбери, поприберете; поприбрав, поприбраа; поприбрал; поприбран; (ќе) поприберев, (ќе) поприбереа; (ќе) поприберел св. 1. Присобере нешто што е расфрлано и го стави на место; сп. прибере 1а. Таа ги поприбра расфрланите алишта. 2. Собере и понесе нешто со себе. Трговецот ја поприбра стоката и си замина. 3. Присобере уште малку (податок, материјал и сл.); сп. прибере 1в. Треба да се поприберат уште некои документи. 4. Стави нешто на скришно место, скрие; сп. прибере 2. Поприбери ги париве некаде да не ги види. 5. Доведе малку во ред; сп. прибере 3а. Застана пред огледалото да ја поприбере косата. 6. За раце, нозе – собере, повлече малку кон себе; сп. прибере 3б. Поприбери ги нозете да не те згазнам. 7. Доведе, прими некого во својот дом на краток период, на некое време; сп. прибере 5. Таа излезе да ги поприбере децата. Тој чини поприбери го за некој ден кај себе и пак исфрли го. 8. Собере малку, донекаде. Откако поприбравме сили, ги нападнавме. 9. (прен.) Дојде малку на себе, среди малку мисли, чувства. Откако ги поприбра своите мисли, донесе решение. ● се ~ 1. За тело – се повлече малку. Поприбери се малку, да поминам. 2. Се вразуми, се опамети малку. Откако се ожени, се поприбра. 3. Дојде малку на себе, се смири. Откако се поприбра, тој им раскажа сѐ. ‖ (се) поприбира, (се) поприбираат несв.