поприближи

Глагол, свршен

Значење на поприближи:

1. Стави некого или нешто малку поблиску до друг, до друго. Таа ја поприближи масата до прозорецот.

2. Стигне, дојде малку поблиску до некого или до нешто. Дури кога поприближивме, таа го здогледа момчето.

Конјугација: (ќе) поприближеа , (ќе) поприближев , (ќе) поприближел, поприближаа , поприближат , поприближен и поприближан , поприближете , поприближи , поприближив , поприближија и поприближав , поприближил и поприближал .

Изведени зборови:

  • се ~ поприближи, Се приближи малку, донекаде.
  • (се) поприближува, глаг. несв. (се) поприближуваат

Оригинални податоци:

поприближи, поприближат; поприближи, поприближете; поприближив, поприближија и поприближав, поприближаа; поприближил и поприближал; поприближен и поприближан; (ќе) поприближев, (ќе) поприближеа; (ќе) поприближел св. 1. Стави некого или нешто малку поблиску до друг, до друго. Таа ја поприближи масата до прозорецот. 2. Стигне, дојде малку поблиску до некого или до нешто. Дури кога поприближивме, таа го здогледа момчето. ● се ~ Се приближи малку, донекаде. ‖ (се) поприближува, (се) поприближуваат несв.