поприврзе
Значење на поприврзе:
1. Приврзе малку, уште малку некого или нешто за нешто друго. Тој го поприврза коњот за дрвото.
2. (прен.) Натера, принуди некого да биде постојано на едно место. Сега болеста го поприврза за постела.
3. (прен.) Приврзе некого малку повеќе кон себе. Со тие зборови таа го поприврза кон себе.
Конјугација: (ќе) поприврзеа , (ќе) поприврзев , (ќе) поприврзел, поприврзаа , поприврзав , поприврзал , поприврзан , поприврзат , поприврзете , поприврзи .
Изведени зборови:
- се ~ поприврзе, (прен.) Стане верен, близок на некого или на нешто.
- (се) поприврзува, глаг. несв. (се) поприврзуваат
Оригинални податоци:
поприврзе, поприврзат; поприврзи, поприврзете; поприврзав, поприврзаа; поприврзал; поприврзан; (ќе) поприврзев, (ќе) поприврзеа; (ќе) поприврзел св. 1. Приврзе малку, уште малку некого или нешто за нешто друго. Тој го поприврза коњот за дрвото. 2. (прен.) Натера, принуди некого да биде постојано на едно место. Сега болеста го поприврза за постела. 3. (прен.) Приврзе некого малку повеќе кон себе. Со тие зборови таа го поприврза кон себе. ● се ~ (прен.) Стане верен, близок на некого или на нешто. ‖ (се) поприврзува, (се) поприврзуваат несв.