попрошири
Значење на попрошири:
1. Направи нешто да стане малку пошироко. Тој го попрошири станот.
2. Зголеми малку по обем, по број. Организаторот ја попрошири програмата на фестивалот.
3. Распространи, засили малку, донекаде. Тој го попрошири своето влијание во фирмата.
Конјугација: попрошират.
Изведени зборови:
- се ~ попрошири, 1. Се рашири малку, донекаде. 2. Се зголеми малку по обем, по број.
- (се) попроширува, глаг. несв. (се) попрошируваат
Оригинални податоци:
попрошири, попрошират св. 1. Направи нешто да стане малку пошироко. Тој го попрошири станот. 2. Зголеми малку по обем, по број. Организаторот ја попрошири програмата на фестивалот. 3. Распространи, засили малку, донекаде. Тој го попрошири своето влијание во фирмата. ● се ~ 1. Се рашири малку, донекаде. 2. Се зголеми малку по обем, по број. ‖ (се) попроширува, (се) попрошируваат несв.