популарен
Значење на популарен:
1. Што е лесно разбирлив, што е едноставен по својата содржина. Таа се наоѓа не ретко и во популарните јазични рубрики на печатот. Популарен јазичен стил.
2. Што е општопознат, што ужива големи симпатии кај поширок круг луѓе. Популарна песна. Популарна личност.
Членувана форма: популарниот.
Изведени зборови:
- популарно, прил. На популарен начин, лесно разбирливо. Тој своите тези секогаш ги објаснува популарно и затоа се интересни за сите слушатели.
- популарност, и. ж.
Оригинални податоци:
популарен, популарниот прид. 1. Што е лесно разбирлив, што е едноставен по својата содржина. Таа се наоѓа не ретко и во популарните јазични рубрики на печатот. Популарен јазичен стил. 2. Што е општопознат, што ужива големи симпатии кај поширок круг луѓе. Популарна песна. Популарна личност. ‖ популарно прил. На популарен начин, лесно разбирливо. Тој своите тези секогаш ги објаснува популарно и затоа се интересни за сите слушатели. ‖ популарност ж.