попушти
Значење на попушти:
1. а) Направи нешто да стане полабаво, помалку затегнато; олабави. Ѝ попушти стисокот на рацете, се олабави. Тој го попушти ременот на панталоните. Го попуштив јажето, па го притегнав. б) Изгуби цврстина, престане да држи. Ѕидовите попуштија. Пукна и попушти гранката под него. Гнилите штици попуштија под тежината. в) Стане помалку крут, омекне. Мораше да ги разгази чевлите за да попуштат. г) Намали во интензитет, во силина. Вечерта запурнината попушти. Зимата одамна попушти. Стравот попушти, веселба го замени. Напнатоста постепено попушти.
2. а) Престане да се противи, отстапи од нешто. Мислеше дека е поумно малку да попушти. б) Изгуби строгост, стане поблаг. Наставникот му попушти при оценувањето.
3. Стане физички послаб, изгуби свежина; ослаби. Со годините ослабел, побелел, попуштил. Постепено болките ~ попуштија.
4. Намали во цена, даде попуст од цената. Тој се обидуваше да ја намали цената, но бабата не попушти ни за грош. Утре кога ќе се пазарат, тој може да му попушти на цената.
5. Покаже послаб успех од очекуваното. Оваа година попушти во учењето. Не сакам да попуштам во учењето.
6. Направи нешто да биде поголемо, пошироко; зголеми, прошири. Мајсторот ја попушти терасата за два метра. При кроењето попушти пет сантиметри за рабовите.
Конјугација: попуштат.
Изведени зборови:
- попушта, глаг. несв. попуштаат
- попуштање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
попушти, попуштат св. 1. а) Направи нешто да стане полабаво, помалку затегнато; олабави. Ѝ попушти стисокот на рацете, се олабави. Тој го попушти ременот на панталоните. Го попуштив јажето, па го притегнав. б) Изгуби цврстина, престане да држи. Ѕидовите попуштија. Пукна и попушти гранката под него. Гнилите штици попуштија под тежината. в) Стане помалку крут, омекне. Мораше да ги разгази чевлите за да попуштат. г) Намали во интензитет, во силина. Вечерта запурнината попушти. Зимата одамна попушти. Стравот попушти, веселба го замени. Напнатоста постепено попушти. 2. а) Престане да се противи, отстапи од нешто. Мислеше дека е поумно малку да попушти. б) Изгуби строгост, стане поблаг. Наставникот му попушти при оценувањето. 3. Стане физички послаб, изгуби свежина; ослаби. Со годините ослабел, побелел, попуштил. Постепено болките ~ попуштија. 4. Намали во цена, даде попуст од цената. Тој се обидуваше да ја намали цената, но бабата не попушти ни за грош. Утре кога ќе се пазарат, тој може да му попушти на цената. 5. Покаже послаб успех од очекуваното. Оваа година попушти во учењето. Не сакам да попуштам во учењето. 6. Направи нешто да биде поголемо, пошироко; зголеми, прошири. Мајсторот ја попушти терасата за два метра. При кроењето попушти пет сантиметри за рабовите. ‖ попушта, попуштаат несв. ‖ глаг. им. попуштање ср.