пора 1
Значење на пора:
1. Мал отвор на потните жлезди по површината на кожата. Пори на кожата.
2. Мал отвор, празнина во некаква материја. Дождот се впиваше во порите на сувата земја.
Множина: пори.
Фразеолошки израз / поговорка:
Влезе / навлезе во сите пори - се прошири насекаде во дадена средина, проникне во нешто.
Оригинални податоци:
пора1, мн. пори ж. 1. Мал отвор на потните жлезди по површината на кожата. Пори на кожата. 2. Мал отвор, празнина во некаква материја. Дождот се впиваше во порите на сувата земја. ◊ Влезе / навлезе во сите пори - се прошири насекаде во дадена средина, проникне во нешто.