порача
Значење на порача:
1. Направи порачка; нарача. Домаќинот порача кафе.
2. Јави, наложи некому нешто преку друг; нарача. Тој не заборави што му порача неговиот посредник.
Коњугација: порачаат.
Изведени зборови:
- порачува, глаг. несв. порачуваат
- порачување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Како порачан(о) – токму така како што посакуваш, според желбите.
Оригинални податоци:
порача, порачаат св. 1. Направи порачка; сп. нарача. Домаќинот порача кафе. 2. Јави, наложи некому нешто преку друг; сп. нарача. Тој не заборави што му порача неговиот посредник. ◊ Како порачан(о) – токму така како што посакуваш, според желбите. ‖ порачува, порачуваат несв. ‖ глаг. им. порачување ср.