поради

Предлог

Значење на поради:

1. Означува причина како мотив за некое дејство. Средбата беше откажана поради отсуство на директорот. Поради многубројните грешки не треба да биде објавен овој текст.

2. Цел, намера. заради. Двајцата министри имаа средба во четири очи поради усогласување на ставовите. Често одиме на кејот на реката поради рекреација.

Изведени зборови:

  • поради тоа што, сврз. Сложен сврзник за изразување причинска поставеност на дел-речениците. сп. бидејќи; оти. Не се јавив на испит поради тоа што задоцнив.

Оригинални податоци:

поради предл. 1. Означува причина како мотив за некое дејство. Средбата беше откажана поради отсуство на директорот. Поради многубројните грешки не треба да биде објавен овој текст. 2. Цел, намера. в. заради. Двајцата министри имаа средба во четири очи поради усогласување на ставовите. Често одиме на кејот на реката поради рекреација. ‖ поради тоа што сврз. Сложен сврзник за изразување причинска поставеност на дел-речениците. сп. бидејќи; оти. Не се јавив на испит поради тоа што задоцнив.