порака
Значење на порака:
1. Тоа што се порачува некому; соопштение, известување испратено по некого. Дојде кај него и му ја соопшти пораката на стариот. Шифрирана порака. Кодирана порака. СМС порака.
2. (прен.) Основна идеја што ја соопштува авторот преку својата творба.
Множина: пораки.
Оригинални податоци:
порака, мн. пораки ж. 1. Тоа што се порачува некому; соопштение, известување испратено по некого. Дојде кај него и му ја соопшти пораката на стариот. Шифрирана порака. Кодирана порака. СМС порака. 2. (прен.) Основна идеја што ја соопштува авторот преку својата творба.