порани

Глагол, свршен

Спореди: подрани.

Значење на порани:

1. Стане рано наутро. Тоа утро порани, за да стигне навреме.

2. а) Се појави, настапи, дојде порано од предвиденото. Пролетта поранила, дошла предвреме. б) Појде порано некаде, направи нешто порано од предвидениот рок. Месечината излегува в зори, па ќе поранам. Аирлија работа, сте пораниле.

Коњугација: поранат.

Изведени зборови:

  • поранува, глаг. несв. порануваат
  • поранување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

порани, поранат св. сп. подрани. 1. Стане рано наутро. Тоа утро порани, за да стигне навреме. 2. а) Се појави, настапи, дојде порано од предвиденото. Пролетта поранила, дошла предвреме. б) Појде порано некаде, направи нешто порано од предвидениот рок. Месечината излегува в зори, па ќе поранам. Аирлија работа, сте пораниле. ‖ поранува, порануваат несв. ‖ глаг. им. поранување ср.